ВТОРНИК, 19 МАРТ 2019

Природни продукти кои ќе ја зачуваат младоста на вашата кожа

Природните препарати за нега на кожата стануваат се попопуларни откако жените сфатија дека козметиката и вештачките производи всушност го забрзуваат стареењето. За да ја зачувате младоста на кожата и лицето треба да користите природни производи и маски кои лесно се прават во домашни услови. Ви претставуваме некои од нив.

post cover photo 

Домат

Природна маска од парчиња домат може да направи чуда за изморената и сува кожа. Еднаш неделно нанесуваје парчиња домат на вашето лице и држете ги 20 минути за вашата кожа да омекне. Доколку имате воспаление на кожата или црвенило тријте го местото со домат. Маска од лушпата од домат и маслиново масло ќе ја подобри циркулацијата и ќе го оживее тонот на вашата кожа.

Компир

Компирот одлично израмнува брчки и ја изедначува бојата на кожата. Маската се прави од лушпата на компирот која ја нанесувате на кожата или пак сокот кој го испушта компирот. Се нанесува секој ден по 15 минути. За еластичност на кожата во сокот од компир додадете лимонов сок.

Алое вера

Користете ја течноста или пак листовите од алое вера секој ден и ќе почувстувате неверојатно освежување. Течноста користете ја како лосион и нанесувајте ја секојдневно, додека пак листовите користете ги како маска еднаш неделно по 10 минути. 

Краставица

Маската од краставица е одлична за лекување на акни. Изечете ја краставицата на кругови, нанесете ја на местото каде сакате и задржет 15 минути. Повторете го овој едноставен процес неколку пати во неделата.

Сода бикарбона

Овој продукт ја обновува и прочистува кожата и истовремено ги регенерира клетките. Но, подобро е да ја користите како маска: измешајте иста количина сода бикарбона со маслиново масло и користете го ова еднаш неделно.

Исто така во овој микс може да додадете и адна лажичка јогурт. Нанесете на лицето, оставете да отсотои 10 минути и убаво исплакнете.

Мед

Медот е познат како еден од најдобрите навлажнувачи на кожата затоа што е богат со минерали и други микроелементи кои ја подмладуваат кожата и ги регенерираат клетките. Доколку се корити често, маската од мед може да израмни многу длабоки брчки. Но запомнете дека не смеете да користите мед доколку сте алергични.

За да направите маска против стареење измешајте еднакви количини мед и цимет во прав, нанесете и оставете да стои 20 минути. Оваа постапка повторете ја неколку пати неделно.

Кокосово масло

Нерафинираното кокосово масло е одличен природен продукт кој сам ја врши сета работа. Нанесете слој од кокосово масло на вашата кожа и избришете го со влажно марамче по 5 минути. Повторувајте ја оваа едноставна постапка секој ден и за една недела ќе ги забележите резултатите.

Маслиново масло

Маслиновото малсо е еден од најкористените производи кога станува збор за нега на кожата, кој никогаш не предизвикува црвенило или пак алергии. Наместо вашиот лосион наутро и навечер нанесувајте неколку капки маслиново масло.

Исто така на вашите дневни креми додадете им неколку капки маслиново масло и промешајте. Веднаш ќе го смените нивниот состав на подобро.

Шеќер

Можеби не сте знаеле но шеќерот е одличен за отстранување на мртвиот слој на клетки од кожата. Само навлажнете го лицето и истријте го со шеќер. Правете го ова еднаш во неделата и уживајте во вашата мазна бебешка кожа!

 

 

 

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com